Skip to main content
Македонија

Апасиев: Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС!

06/02/2026  19:48

По полициската акција за заплена на марихуана на повеќе локации во Македонија, лидерот на политичката партија Левица го изнесе својот став на социјалните мрежи.

„Не. Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС! Треба да се национализира“, вели Апасиев

Претходно од Демократскиот сојуз побара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана за медициски цели.

„Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, велат од Демократски сојуз.