
Фридрих Мерц, германскиот канцелар истакна дека ЕУ не го затвора патот за дипломатија со Москва. Но, сепак инсистира на координиран пристап, отфрлајќи ја можноста за водење тајна или паралелна дипломатија.
Мерц, кој е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, го поздрави тековниот преговарачки процес во Абу Даби, каде што моментално се одржува втората рунда трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и САД.
„Секако, секогаш сме подготвени за разговори со Русија. Ако можеме да придонесеме овие разговори да бидат уште поуспешни, ќе го сториме тоа. Но, нема да отвориме никакви паралелни канали за комуникација“, изјави Мерц за новинарите.

