Skip to main content
Македонија

Променливо време со врнежи од дожд

06/02/2026  16:50

Локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег не очекуваат во недела претпладне. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат и дека поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.