Skip to main content
Свет

Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто

06/02/2026  16:38

Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, а во истиот период со Велика Британија трговијата значително се зголемила за 18,9 отсто, покажуваат податоците за надворешно трговската размена на Државниот завод за статистика објавени денес.

Лани вкупниот обем на трговска размена со светот достигна 19,5 милијарди евра, што е за 3,77 отсто повеќе во однос на претходната 2024 година. Трговскиот дефицит изнесуваше 3,5 милијарди евра, што значи дека Македонија во текот на минатата година узвезла за толку повеќе производи отколку што изнесувала вредноста на извозот.