Skip to main content
Хроника

Двајца млади скопјани со тврд и остар предмет нападнале маж

06/02/2026  15:21

Кривично ќе се гонат двајца скопјани кои нападнале маж со остар и тврд предмет. 

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Х. (25)  и Е.Х. (20), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 28.09.2025 во село Чифлик, пријавените физички нападнале 34-годишен маж, користејќи остар и тврд предмет, а му го оштетиле и неговото возило, информираа од МВР.