Skip to main content
Македонија

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 отсто

06/02/2026  14:38

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом наспроти 32 % што живеат во изнајмени станови. Во Македонија речиси 87 % живеат во свој дом, а 12,9 % под кирија, покажуваат податоците на Евростат.  

Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година повеќе од две третини (68 %) од населението што живее во домаќинствата на ЕУ поседувало свој дом, што е малку помалку од 69 % во 2023 година. Преостанатите 32 % живееле во изнајмени станови, што е зголемување од 31 % во претходната година. 

Највисок удел на сопственост на ниво на ЕУ е забележан во Романија (94 %) по што следуваат Словачка (93 %) и Унгарија (92 %). 

Поседувањето дом е почесто во сите земји од ЕУ, освен во Германија, каде што преовладува изнајмувањето, при што 53 % од населението се закупци. По Германија, следуваат Австрија (46 %) и Данска (39 %).

За Македонија и за земјите од регионот последните достапни податоци на Евростат се за 2023 година, така што повеќето од луѓето живеат во сопствен дом: во Албанија – 95,5 %, потоа следуваат Хрватска – 91,2 %, Србија – 89,9 %, Северна Македонија – 87,1 %, Бугарија – 86,1 % и Грција – 69,6 %.

Под кирија најголем дел од населението во 2023 во регионот живеел во Грција – 30,4 %, потоа следуваат Бугарија – 13,9 %, Македонија – 12,9 %, Србија – 10,1 %, Хрватска – 8,8 % и Албанија – 4,5 %.