
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
Тој, претходно, вработен како инженер – агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново село, општина Дебрца, неовластено изнел од фабриката марихуана и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид со цел нејзино користење и натамошна продажба.
При претрес во просториите, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана, по што тој е лишен од слобода.


