Skip to main content
Свет

Најмалку 12 луѓе загинаа при експлозија во шиитска џамија во Исламабад

06/02/2026  12:06

Во експлозија во џамија во главниот град на Пакистан, Исламабад, загинаа најмалку 12 лица, а речиси 100 се повредени, соопштија локалните власти.

Според информациите, експлозијата се случила по петочната молитва во шиитска џамија.

„До експлозијата дојде по петочната молитва во шиитска џамија“, изјавил за АФП висок полициски извор кој сакал да остане анонимен.

Според објавите на социјалните мрежи, експлозијата се случила во Имам Баргах во областа Тарлаи Калан во предградието на Исламабад, при што има повеќе жртви и повредени.

На социјалните мрежи се споделуваат вознемирувачки фотографии од телата на жртвите, како и видеа од повредени верници кои ја преживеале експлозијата.

Првичните информации укажуваат дека нападот го извршил бомбаш самоубиец.