Skip to main content
Свет

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност

06/02/2026  08:52

Швајцарските власти во Кран-Монтана затворија хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарна безбедност. Одлуката е донесена само неколку недели по смртоносниот пожар во бар во алпскиот ски-центар, при што загинаа 41 човек.

Локалните власти посочија дека во август биле откриени проблеми со противпожарната безбедност во „Гранд хотел ду голф е Палас“ (Grand Hotel du Golf et Palace), што се наоѓа во близина на главната улица во Кран-Монтана. Хотелот се затвора, бидејќи до рокот на 15 јануари. не ги надминал проблемите со безбедноста.

Локалната туристичка канцеларија најави дека гостите ќе бидат сместени во други хотели.