Skip to main content
Свет

„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите

04/02/2026  21:59

Вашингтон пост“, весник во сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти денеска дека почнал со отпуштања во речиси сите свои новински редакции, во обид да ги намали загубите и да ја врати профитабилноста на весникот, пренесува „Блумберг“.

Во соопштението не е прецизирано колку работни места се укинуваат, но претходно се проценуваше дека весникот планира да отпушти околу 300 луѓе, со значително намалување на редакциите за спорт и надворешна политика, пренесува „Блумберг“.

Во последните три години, тој весник го намалил бројот на вработени за околу 400 луѓе.