Skip to main content
Македонија

Протестот во Битола заврши, сообраќајот сѐ уште се пренасочува

04/02/2026  19:08

Јавниот собирот над населбата Баир во Битола заврши вечерва во 18:20 часот.

Сообраќајот се уште се пренасочува. Екипи од ЈП „Македонија Пат“ ги расчистуваат поставените препреки.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Попова Шапка – с.Лисец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.