
Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се затруени синоќа откако вечерале во ресторан во населбата Кантело во градот Варезе, во северна Италија.
По враќањето дома, сите почнале да чувствуваат главоболка и гадење, а како што било утврдено, причина за труењето било истекување на гас во ресторанот, пренесува „Милано Тудеј“.
Пожарникарите откриле присуство на јаглерод моноксид и како мерка на претпазливост, ги евакуирале и становите над ресторанот. Утврдено е дека причина за истекувањето гас е неисправен бојлер.
Пожарникари, карабинери, медицински персонал и локалната здравствена инспекција интервенирале и го санирале просторот. Никој не се здобил со сериозни повреди во инцидентот.
