Skip to main content
Свет

Русија нуди партнерство на САД: На маса Арктикот, вештачката интелигенција и вселената

03/02/2026  13:19

Русија поднесе предлози до Соединетите Американски Држави за отстранување на пречките за целосно подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, што би отворило перспективи за соработка, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се укажува дека е важно за време на дијалогот меѓу Русија и САД да се премине на навистина значајни прашања, вклучувајќи го и обновувањето на директниот воздушен сообраќај и враќањето на конфискуваниот руски дипломатски имот, пренесоа РИА Новости.

„На Американците им се дадени предлози за отстранување на овие сериозни пречки за целосно закрепнување на односите меѓу Москва и Вашингтон“, наведува министерството како одговор на новинарски прашања примени за прес-конференцијата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за резултатите на руската дипломатија во 2025 година.

Во соопштението се истакнува дека Русија и САД би можеле да остварат соработка во областите кои и самата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп ги смета за свои приоритети, како што се јаглеводородите, ретките минерали, соработката на Арктикот, вештачката интелигенција и вселената.