
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 60 метри поради магла има на патниот има на правец Гевгелија – граничен премин Богородица.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

