Skip to main content
Свет

Хектар обработливо земјиште во ЕУ се проценува на 15.224 евра во 2024 година

02/02/2026  19:10

Еден хектар обработливо земјиште во ЕУ, се проценува на 15.224 евра во 2024 година. Канцеларијата на ЕУ наведува дека ова претставува зголемување од 6,1 процент во споредба со претходната година, кога цената на хектар изнесувала 14.343 евра.

Од друга страна, просечната годишна цена за изнајмување обработливо земјиште и трајни тревници во ЕУ беше проценета на 295 евра по хектар. Највисока просечна цена по хектар обработливо земјиште е забележана во Малта (201.263 евра), по што следат Холандија (96.608 евра) и Португалија (76.556 евра).

Најниски просечни цени по хектар обработливо земјиште се забележани во Латвија (4.825 евра), Литванија (5.590 евра) и Словачка (5.823 евра).
Изнајмувањето на хектар обработливо земјиште било најскапо во Холандија, со просек од 941 евро годишно, по што следуваат Данска (580 евра) и Грција (509 евра).

Цените за закуп на земјиште биле најниски во Словачка (69 евра), Хрватска (76 евра) и Малта (92 евра).