
Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција.
Судот во Сјамен, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со влијание.
Целиот имот на Танг е конфискуван. Истрагата против него почна во април 2024 година под сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот .Танг беше исклучен од Кинеската комунистичка партија.
