Skip to main content
Свет

Зеленски потпиша уредба против руската танкерска флота и компании за транспорт на санкционирана нафта

02/02/2026  16:45

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша нова уредба со која се таргетира руската танкерска флота и компаниите кои овозможуваат превоз на санкционирана нафта. Тој на социјалната мрежа „X“ истакна дека мерката е дел од процесот на целосно усогласување со Европската Унија во борбата против заобиколување на санкциите од страна на Русија.

Уредбата е донесена во критичен момент, додека во Брисел се подготвува 20. пакет санкции на ЕУ, кој се очекува да биде усвоен до крајот на февруари. ЕУ размислува за замена на досегашната граница на цената со целосна забрана на поморските услуги за руската нафта. Покрај танкерите, на новата „црна листа“ се најдоа и кремљските пропагандисти, како и хакери вклучени во кибер-напади врз Украина и западните сојузници.