Skip to main content
Македонија

Мицкоски треба да се уапси самиот себе, велат од СДСМ

02/02/2026  14:12

Соопштение за јавност на СДСМ:

За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата, Мицкоски прво мора да се уапси самиот себе и своите најблиски.

Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, судството, обвинителството, и не само што му се под контрола туку им дели и задачи од собраниската говорница.

За да ја докаже својата „желба” за борба против криминалот и корупцијата, самиот нека се упаси!

Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот.

Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност за криминалните тендери: 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма преку општините, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта…

Мицкоски нека го повика Груевски да се врати во Македонија, да одговара и да ги врати двете милијарди евра што ги украде. 

Зошто не инсистира неговиот личен пријател Орбан да го депортира оној што украде најмногу од граѓаните на Македонија – неговиот учител?

Зошто нема одговори од каде поминала дрогата од 5 тони преку границата, за скапите часовници, за фотографиите со киминалецот Симо?

Дали вака изгледа „борба” против корупцијата и криминалот?

Не, ова е слика на криминалот и корупцијата во власта.

Македонија го има својот Мадуро.