Skip to main content
Хроника

Автомобил излетал од пат, повредени две деца

02/02/2026  12:57

На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.