
Играчи од шест репрезентации изборија место во „Ол стар тимот“ на шампионатот. Покрај седумте позиции, беа избрани најдобриот одбранбен играч, најдобар млад играч, како и најкорисниот ракометар (МВП) на првенството.
„Ол стар тимот“ го сочинуваат:
Голман – Андреас Волф (Германија)
Лево крило – Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек – Симон Питлик (Данска)
Среден бек – Гисли Кристјансон (Исланд)
Десен бек – Франциско Кошта (Португалија)
Десно крило – Марио Шоштариќ (Хрватска)
Пикер – Јоханес Гола (Германија)
Најдобар играч во одбрана – Салвадор Салвадор (Португалија)
Млад играч – Франциско Кошта (Португалија)
Најкорисен играч МВП – Матијас Гидсел (Данска)

