
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС преку нивната испостава ССМ, не се грижат за работникот и висината на нивната плата, туку само за сопствена комоција.
Нивното лицемерие преку барањето од 600 евра минимална и покачување на платите, не е ништо друго освен дневна политика.
Затоа што ССМ со ова раководство на чие чело е Слободан Трендафилов, одбија предлог од Владата за системски начин на зголемување на платите, така што до крајот на мандатот минималната би се зголемила на бараната сума, а сите останати и до 40%.
Наместо тоа, ССМ како продолжена рака на СДС го одбива предлогот, за сега да има тема за дневна политика која експресно ја користи и СДС и која не му носи ништо добро на работникот.
Од друга страна, СДС и Венко Филипче, популистички за политички поени, побрзаа да излезат со не добро спремен и сработен предлог закон за 600 евра минимална плата, но за реализација на истиот и од каде ќе изнајдат средства, не знаат, ќе виделе.
Ова е повеќе од несериозно, ова е лицемерие и поигрување со достоинството и чувствата на сите вработени.
Наспроти ова, тоа што пред две години го затекна ВМРО-ДПМНЕ од претходната власт на СДС, беше уништена економија, дупки во буџетите, исцедени институции и крах на системот, при што државата беше на раб на банкрот, а многу институции како Македонски железници, Македонски шуми, Македонија пат со месеци немаа исплатено плати на вработените.
Тогаш ССМ и Трендафилов никаде ги немаше да реагираат зошто работниците беа оставени, не без минимална, туку воопшто без плата. Затоа што ССМ и СДС се едно исто.
Ако не е така, ги повикуваме да се одважат и да го потпишат новиот колективен договор со којшто работниците во април 2026 година, би добиле покачување од околу 15%, што значи дека најмалото покачување би изнесувало 3580 денари.
Со ова системско решение и динамика за покачување на платите којашто Владата може да ја исполни, работниците од јавниот сектор ќе имаат минимална плата од 600 евра во 2028 година.
ВМРО-ДПМНЕ не ветуваше и не ветува чуда, туку искрен, чесен и системски пристап за подобрување на стандардот на граѓаните.
