Skip to main content
Свет

Масовен прекин на струја во Молдавија

31/01/2026  17:24

Поради проблеми со електропреносната мрежа со Украина, Молдавија нема електрична енергија. Главниот град Кишињев остана без струја.

Пречките во украинската мрежа довеле до пад на напонот на една од линиите што ја снабдуваат Молдавија.

Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во престолнината се без напојување, а властите додадоа дека не работат ниту семафорите.

Истовремено, во делови на Украина се воведени вонредни прекини на струјата, а метрото во Киев не работи. Хаваријата предизвика и привремен прекин во водоснабдувањето на украинскиот главен град.