
Дел од напуштена куќа со поставено градежно скеле се урна во центарот на Белград, неофицијално дознава Н1.рс. При уривањето се оштетени четири возила, а трамвајскиот сообраќај е привремено запрен во делот од градот каде се наоѓа и пазарот Бајлонија.
Во објектот во моментот на уривањето се наоѓале двајца мажи кои успеале навреме да излезат. Тие биле видно вознемирени, но не се повредени. Засега нема официјални информации дали имало минувачи во близина и дали некој е повреден. Пожарникарите, полицијата и екипите на Итната медицинска помош интервенирале брзо и биле на терен за неколку минути.
