Skip to main content
Спорт

Јувентус импресиониран од македонската тинејџерка: Меланија Грозданова на радарот на европскиот гигант

31/01/2026  15:43

Меланија Грозданова, една од најперспективните фудбалерки што Македонија некогаш ги имала, моментално престојува во Торино, каде што тренира со Јувентус, еден од најголемите клубови во европскиот женски фудбал.

Во Италија, сè почесто покрај нејзиното име се споменува и надимакот Golden Girl MG7, кој веќе се наметнува како симбол на новата генерација македонски женски фудбал, објави спортскиот портал sportskamreza.mk.

Според италијанските новинари, Грозданова оставила одличен впечаток уште на првите тренинзи. Нејзината брзина, зрелост во играта и леснотијата со која постигнува голови се издвојуваат како главни адути, а во клубот владее задоволство од прикажаното.

И покрај младата возраст, Меланија делува сигурно и самоуверено во средина која ја носи тежината на името Јувентус, што дополнително го потврдува нејзиниот голем потенцијал и најавува светла иднина.

Целиот текст можете да го прочитате на sportskamreza.mk.