Skip to main content
Хроника

Две телефонски измами врз повозрасни лица во Штип

31/01/2026  15:28

Два случаи на телефонска измама врз повозрасни лица се пријавени на 30 јануари во СВР Штип. Во првиот случај, 96-годишен жител на Штип пријавил дека бил измамен за 3.500 евра, откако телефонски му се јавило лице кое се претставило како лекар и го убедило дека неговата ќерка е тешко повредена и ѝ е потребна итна операција. По договор, оштетениот ги фрлил парите од балконот, по што лицето кое ги презело се оддалечило. Подоцна, по контакт со ќерката, било утврдено дека станува збор за измама.

Неколку часа подоцна, 77-годишна жена пријавила сличен случај. Таа навела дека на ист начин била доведена во заблуда и од балконот предала 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит на женско лице, кое потоа го напуштило местото. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи и за откривање на сторителите.