Skip to main content
Хроника

Три случаи на малолетничко насилство пријавени во полиција

31/01/2026  14:59

На 30.01.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје В.П.(47) од Скопје пријави дека на 29.01.2026 околу 19:00 часот на подрачјето на Центар во близина на средно училиште по претходно недоразбирање неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.01.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје А.С.(52) од Скопје пријави дека  околу 18:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош двајца  малолетници со закана му одзеле пари на нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе известување од Законот за правда за децата против тројца малолетници од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”. На 29.12.2025 во основно училиште, а потоа и надвор од училиштето, пријавените физички нападнале нивен соученик.