Skip to main content
Хроника

Во гостиварско Дебреше, внук го пронашол вујкото мртов во шахта

31/01/2026  14:42

Гостиварската полиција вчера регистрираше трагичен случај во селото Дебреше.

– С.Р. од село Дебреше пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ.(75). Извршен бил увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.