Skip to main content
Балкан

Повторното пребројување на гласовите од парламентарните избори во Косово ја потврди победата на досегашниот премиер

31/01/2026  14:29

Главната партија во Косово – левичарското националистичко движење „Самоопределување“ на досегашниот премиер Албин Курти, победи на парламентарните избори од 28 декември 2025 година, потврди денеска Централната изборна комисија по целосното повторно пребројување на гласовите.

Комисијата соопшти дека „Самоопределување“ добила 51,1 процент од гласовите по конечната потврда на резултатот.

Целосно повторно пребројување и иницирање кривична истрага беа наложени по откривањето на неправилности во евидентирањето на резултатите, кои засегнаа околу 70.000 гласови, пренесе БТА.

Косово влезе во политичка криза по парламентарните избори на 9 февруари 2025 година, бидејќи не успеа да состави влада, што доведе до предвремени парламентарни избори на крајот на годината.