Skip to main content
Хроника

Во сообраќајка на патот Кичево–Охрид повредени 6-годишно дете и уште 6 лица

31/01/2026  13:36

На 30.01.2026 година во 23.17 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Подвис, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Рено” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(51) од Приеп и „Џип” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(33) од кичевското село Зајас.

Притоа, двајцата возачи и сопатниците од првото возило О.А.(47) и М.Г.(55), двете од Прилеп како и  сопатниците од второто возило  Б.Ф.(45), Ј.Ч.(31) и едно шест годишно малолетно лице, сите од селото Зајас, беа пренесени во Општата болница во Кичево каде, им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.