Skip to main content
Економија

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

31/01/2026  12:26

Соопштение на СДСМ:

На работниците не им требаат изговори ниту некакви најави за 2 години. На работниците треба платите да им се покачат сега, оваа година, затоа што парите не им стигаат од први до први.

Дали Мицкоски чекаше две години да купи часовници од 65.000 евра?

Последните податоци покажуваат дека минималните месечни трошоци на четиричлено семејство, во јануари 2026 година, изнесувале 66.413 денари. Тоа значи дека ниту 2 минимални плати не се доволни да се покријат основните потребни на просечно семејство. 

Сегашното ниво од 400 евра минималната плата не обезбедува доволно заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците на едно просечно домаќинство.

Работниците буквално се борат за парче леб и не може да чекаат до 2028 година.

Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа.

Мицкоски се фали дека сме 4 та економија во Европа, па зошто не сме на 4 то место по висината на платите? 

Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази. Во Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра. Владата на Србија со одлука ја зголеми минималната плата на 500 евра а во Црна Гора од 600 до 800 евра.

Последиците веќе се гледаат. 

Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници”.

Освен ако целта на владата не е токму тоа, со носење на „економски работници” да ја намали вредноста на трудот.