
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Украинката Елина Свитолина во два сета во полуфиналето на Австралија опен.
Мечот траеше 1 час и 17 минути и заврши со резултат 6:2 и 6:3.
За време на натпреварот, Сабаленка не сервираше ас, направи една двојна грешка и реализираше четири од седум брејк топки.
Свитолина имаше два ас-сервиса, три двојни грешки и реализираше една од четирите брејк топки.
Во финалето на Австралија Опен, светската тенисерка број еден ќе се соочи со победничката од мечот Џесика Пегула (САД) и Елена Рибакина (Казахстан).
Второто полуфинале од женскиот дел на Грен слемот во Мелбурн ќе почне околу 11:30 часот по македонско време.
