
По завршувањето на осумте кола, познати се 24 екипи кои продолжуваат во следната рунда на фудбалската Лига на шампиони.
Осумте учесници кои обезбедија директен пласман во осминафиналето се: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити.
Тимовите рангирани од 9. до 24. место: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл Јунајтед, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Боде-Глимт и Бенфика ќе учествуваат во плејофот за место помеѓу 16-те најдобри.
Според пропозициите, во жрепката носители се тимови рангирани од 9. до 16. место.
Еве како ќе изгледа ждрепката за плејофот во Лигата на шампионите:
Двојката Реал Мадрид (9. место) и Интер (10.) ќе добијат ривал од парот Боде-Глимт (23.) / Бенфика (24.)
ПСЖ (11)/Њукасл (12) против Монако (21)/Карабах (22)
Јувентус (13)/Атлетико Мадрид (14) против Клуб Бриж (19)/Галатасарај (20)
Аталанта (15)/Баер (16) против Борусија Дортмунд (17)/ Олимпијакос (18)
Ждрепката за плејофот ќе се одржи утре (30 јануари) во Куќата на европскиот фудбал во Нион, Швајцарија.
