Skip to main content
Магазин

Авион на „Бритиш ервејс“ изгуби тркало при полетување

28/01/2026  21:09

Авион од типот А350 на „Бритиш ервејс“, кој синоќа полетал од Лас Вегас, изгубил задно тркало од десниот главен трап за слетување веднаш по полетувањето.

Инцидентот бил снимен со камера во живо на аеродромот, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции.

И покрај техничкиот проблем, авионот безбедно слетал на аеродромот во Лондон, без пријавени повредени патници или членови на екипажот.

Од авиокомпанијата засега нема детали за причините за дефектот, а се очекува надлежните служби да спроведат истрага за инцидентот.