Skip to main content
Свет

Украина повика на разговор унгарски амбасадор по изјавите за избори

28/01/2026  20:28

Украинското Министерство за надворешни работи го повика унгарскиот амбасадор Антал Хајзер на разговор поради изјавите на унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.

Министерството го негираше мешањето и упати протест, предупредувајќи дека таквата реторика штети на билатералните односи и повика на конструктивна соработка. Киев исто така ги повтори повиците до Будимпешта да не ги блокира преговорите за пристапување на Украина во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.