Skip to main content
Македонија

СДСМ ќе поднесе закони за повисоки плати: 600 евра минималец и замрзнување на платите на функционерите

28/01/2026  19:48

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – СДСМ најави дека ќе поднесе законски решенија во Собранието за зголемување на платите на работниците, како и замрзнување на платите на функционерите.

Како што соопштија од партијата, мерките се предлагаат имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард на граѓаните, како и барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со предложените законски решенија, СДСМ ќе бара:

  • зголемување на минималната плата на 600 евра,
  • зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори,
  • како и замрзнување на платите на избраните и именуваните функционери.

Од СДСМ нагласуваат дека целосно ги поддржуваат барањата на работниците и синдикатите, истакнувајќи дека секој работник заслужува достоинствена плата што обезбедува нормален живот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека на прес-конференција ќе ги образложи деталите и механизмите на предложените законски решенија се вели во соопштението од СДСМ