Skip to main content
Балкан

Српските судии повикуваат на штрајк поради усвојувањето на судските закони

28/01/2026  19:06

Синдикатот на судиите во Србија ги повика судиите и јавните обвинители веднаш да започнат штрајк, оценувајќи дека станува збор за легитимен и уставно дозволен начин за заштита на независноста на судството и владеењето на правото. Повикот следи по усвојувањето на сет судски закони во Народното собрание, кои, според Синдикатот, биле донесени по итна постапка, без јавна расправа и без претходно мислење од Високиот судски совет и Високиот совет на обвинители, иако тоа е предвидено со закон.

Од Синдикатот предупредуваат дека ваквиот начин на носење закони претставува сериозно нарушување на демократските процедури и директно загрозување на уставниот принцип на поделба на власта. Тие додаваат дека апелите и најавите досега не дале резултат, поради што, како што велат, е време за поодлучни и конкретни чекори.