Skip to main content
Хроника

Пронајден починат маж во хотел во Маврово

28/01/2026  16:18

Починато лице било пронајдено во хотел во Маврово. Случајот бил пријавен вчера во 10:55 часот во ОВР Гостивар.

-Увидна екипа во присуство на јавен обвинител извршила увид во помошните простории на хотелот, каде во една од собите за персонал бил пронајден починат В.Л. (58) од Охрид, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.