Skip to main content
Македонија

Отворен предмет по „допрен глас“: Обвинителството ги проверува тврдењата на Жан Митрев

28/01/2026  15:29

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет и веќе спроведува проверки по наводите што јавно ги изнесе докторот и сопственик на Клиниката „Жан Митрев“ – Скопје, Жан Митрев. Постапката е поведена по допрен глас на 21 јануари 2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Обвинителството, проверките се однесуваат на тврдењата дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство наводно се обиделе да извршат притисок врз Митрев со цел тој да ги продаде сопственичките удели во клиниката.

Од ОЈО Скопје посочуваат дека се преземаат дејствија за утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. По завршување на проверките, јавноста ќе биде информирана за понатамошните чекори.