Skip to main content
Македонија

Вицепремиерот Сали се сретна со германската амбасадорка

28/01/2026  14:11

Денес, Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија,  Петра Дрекслер.

На средбата беа разгледани одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Германија, со посебен акцент на успешната соработка во областа на инвестициите и економскиот развој. Министерот Сали ја нагласи значајната улога на Германија како еден од најважните економски партнери, подвлекувајќи го придонесот на германските инвестиции во економскиот раст и создавањето нови работни места.

Особено внимание беше посветено на процесот на евроинтеграции, при што министерот Сали изрази благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија за европските аспирации на Северна Македонија и реафирмираше институционална посветеност за спроведување на реформите и усогласување со европските стандарди.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди поддршката на Германија за европскиот пат на земјата и изрази подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.