Skip to main content
Хроника

Косовари нападнале скопјанец на граничен премин Блаце

28/01/2026  13:15

На 27.01.2026 во 18:50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници ги приведоа П.Ј.(35) и Д.Л.(22) двајцата од Р.Косово, поради тоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.Р.Ш.(28) од Скопје, а бил употребен и остар предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.