Skip to main content
Македонија

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?

26/01/2026  19:40

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок.

Денес, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше ниту еден присутен пратеник.

Дали со бојкотот на Филипче пратениците на СДСМ испраќаат порака до јавноста и европските партнери? Очигледно, последниот Конгрес на СДСМ предизвика поголеми поделби, наместо обединување, како што вели Филипче.