Skip to main content
Балкан

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон

25/01/2026  20:02

Милорад Додик, неформалниот лидер на Република Српска е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател. Појадокот е предвиден да се одржи во Вашингтон почеток на месец февруари.

Во интервју за белградскиот весник „Политика“, Додик потврди дека добил покана да присуствува на молитвениот појадок, но не е сигурен дали ќе патува поради повторените избори што ќе се одржат  за претседател на Република Српска закажани за 8 февруари, додека посета на Вашингтон е планирана за 7 и 8 февруари.

Како претседател на партијата имам обврска да бидам таму, да ја организирам структурата  која треба да  гласа. Ќе видиме, ако има простор за заминување, ќе заминам, рече Додик.

Тој додаде дека го поддржувал сегашниот претседател Трамп во двата мандати и дека тоа не поминало незабележено.