
Недоразбирање околу паркинг простор било повод за физичка пресметка на гробиштата во Горче Петров. Според пријавата на СВР Скопје, конфликтот се случил околу 12:00 часот вчера и во него учествувале Ј.Ф.С. (38) и Д.С. (33), двајцата од Скопје.
За време на инцидентот, Ј.Ф.С. употребила дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф. (60). Полицијата го документира случајот, а по завршувањето на истрагата ќе следува соодветен поднесок.

