Skip to main content
Свет

Папата Лав Четиринаесетти повика на мир во Украина

25/01/2026  16:14

Папата Лав Четиринаесетти денеска предупреди дека за време на руските напади врз Украина, цивилите остануваат без електрична енергија и греење на многу ниски температури и повика на прекин на конфликтот.

„Долготрајните непријателства… имаат сè посериозни последици за цивилите. Дури и во последните денови, Украина е погодена со континуирани напади што го оставаат целото население изложено на зимскиот студ. Со тага следам што се случува и се молам за оние што страдаат“, рече папата.

Како резултат на руското гранатирање во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, повеќе од 800.000 луѓе во Киев останаа без електрична енергија, а речиси 6.000 згради во градот останаа без греење.