Skip to main content
Свет

Русија бара ослободување на Мадуро

25/01/2026  15:45

Русија го постави како приоритет ослободувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, кои минатиот месец беа уапсени во Каракас и префрлени во САД. Ова го истакна заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, додавајќи дека прво мора да се реши нивниот статус пред да се дискутира за било какви други мерки.

„Засега клучно е Мадуро и неговата сопруга да бидат ослободени. Сè друго останува во сферата на хипотезите“, рече Рјабков, без да открие детали за евентуални следни чекори на Москва. За потсетување, Мадуро и Флорес беа уапсени на 3 јануари во раните утрински часови во Каракас за, како што наведуваат американските власти, трговија со наркотици. Потоа беа префрлени во Њујорк, каде ќе се соочат со судски процес.