Skip to main content
Хроника

Полицајци нападнати во Кичево додека вршеле сообраќајна контрола

24/01/2026  18:52

На 24.01.2026 година во 00.15 часот, на пресекот на улиците „Драге Карбуничанец” со „Прилепска” во Кичево, лишени од слобода се А.А.(31) и Б.М.(20), двајцата од Кичево. Пријавените, најнапред вербално а потоа и физички ги нападнале униформираните полициски службеници кои вршеле контрола во патниот сообраќај и сопреле патничко моторно возило „бмв” управувано од А.А.

По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.