Skip to main content
Хроника

Кај кумановец во автомобил пронајдени пет килограми марихуана

24/01/2026  17:23

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу 5 килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.