Skip to main content
Магазин

Смејте се, се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг

25/01/2026  08:05

Смејте се: се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг

Дали се насмеавте денес? Ако не сте, имате изговор да почнете да се смеете без некој да ве гледа чудно. Смеата не е само забава, таа е и многу корисна за нашето здравје.

Научно е докажано дека децата се смеат до триста пати на ден, додека возрасните се смеат само околу дваесет пати. Излегува дека колку старееме, толку повеќе забораваме на кратките моменти на радост. И токму овие моменти можат да ја направат разликата.

По само неколку минути смеење, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој ја ублажува анксиозноста и помага при опуштање, а го зголемува производството на ендорфин, хормонот на среќата. Исто така го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, што може да доведе до подобра меморија.

Освен што ви го подига расположението, смеењето поттикнува физичка активност – десет минути смеење може да согорите и до четириесет калории. Активира дури 80 мускули во телото, вклучително и 17 на лицето. Неколку минути смеење може да имаат сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.

Смеењето со другите дополнително создава чувство на поврзаност, гради меѓусебна доверба и позитивна слика за себе, што придонесува за поголема самодоверба на долг рок.