
Американката Тринити Родман, ќерка на поранешниот НБА кошаркар Денис Родман, стана најплатената фудбалерка во светот откако потпиша нов тригодишен договор со Вашингтон Спирит, објави денеска Би-би-си.
Според новиот договор, кој важи до крајот на 2028 година, Тринити Родман ќе заработува два милиони долари по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.
„Тешко е да се опише како се чувствувам. Мислам дека ова е пресвртница во женскиот фудбал. Многу сум среќна и благословена“, рече 23-годишната Родман.
Најплатена фудбалерка досега беше Шпанката Аитана Бонмати, која настапува за Барселона, а три пати беше избрана за најдобра фудбалерка во светот (2023, 2024, 2025).
Тринити Родман дебитираше за американската репрезентација во 2022 година, а на Олимписките игри во Париз во 2024 година ја предводеше репрезентацијата на САД до златниот медал.
