Skip to main content
Македонија

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

23/01/2026  14:52

Собранието на Република Северна Македонија на денешната 65. седница го потврди изборот на Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.

За неговиот избор гласаа 89 пратеници, шест беа „против“, додека од пратениците кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство, 28 гласаа „за“, а осум „против“.

Фатон Сељами е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит. Со изборот на оваа функција, тој ќе ја преземе одговорноста за заштита и унапредување на човековите права и слободи на граѓаните.